Македонија Тројца од повредените полицајци во Бутел пуштени на домашно лекување

Тројца од повредените полицајци во Бутел пуштени на домашно лекување

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посетил полицаецот Т. П. во Ургентниот центар во Скопје, при што му посакал брзо закрепнување.

Од МВР, информираат дека во синоќешните настани во Бутел биле повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

– Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се пресмета со групата која претходно постави шатори на местото на кое е предвидена изградба на верско обележје – се вели во соопштението на МВР.