Македонија Тројно убиство во пробиштипското село Злетово

Тројно убиство во пробиштипското село Злетово

Тројно убиство се случило утрово, околу 7 часот, во пробиштипското село Злетово, објави МРТ.

Од полицијата ја потврдиле информацијата за јавниот телевизиски сервис.

Како што информирале оттаму, биле убиени двајца мажи и една жена, а според неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на сопругата на убиецот.

Осомничениот, веднаш по убиството, побегнал и полицијата трага по него.

Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.