Бугарска фирма со највисока понуда за рудниците Злетово и Тораница
16 март 2016
На денешното електронско наддавање за концесија за рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“ понудила највисока цена од трите фирми што ги исполнувале условите за учество во наддавањето. Компанијата која е со седиште во Софија, понудила два милиони евра за преземање на рудниците Злетово и Тораница. Фирмата „Индоминерали“, која досега управуваше со рудниците, е во стечај. Другите […]