Свет Тројца убиени на фестивал на лукот во Калифорнија

Тројца убиени на фестивал на лукот во Калифорнија

Три лица се убиени и уште најмалку 15 се ранети при оружен напад од еден напаѓач во Калифорнија, кој бил убиен од полицијата, јавуваат светските новински агенции.

Нападот се случил вчера, а по пукањето на толпата, полицајци го идентификувале осомничениот сторители и го убиле а се трага и по втор можен сторител. Инцидентот се случил во градот Џилрот на педесетина километри од Сан Хозе, каде во изминатите три дена се одржувал фестивал на лукот.

Според очевидци, убиениот напаѓач бил на триесетина година, имал пушка и неселективно пукал во луѓето.

Фестивалот на лукот се одржува од 1979 и секоја година, привлекува околу 100.000 посетители. На него се одржуваат фестивали за готвење и има и настапи на музички групи.