Свет Балкан Тројца мртви во пукање меѓу мигранти во близина на српско-унгарската граница

Тројца мртви во пукање меѓу мигранти во близина на српско-унгарската граница

Пукањето се случило во напуштен земјоделски имот близу селото Хоргош

Фото: Rama, CC BY-SA 2.0 FR, Викимедија комонс

Рано утрово се случило пукање меѓу мигранти во близина на српското село Хоргош, кое се наоѓа непосредно до српско-унгарската граница. Има тројца загинати и еден сериозно повредено лице, ивестуваат од Радио слободна Eвропа.

Српската полиција сѐ уште нема официјална изјава во врска со пукањето, но се присутни во голем број на местото каде што истото се случило.

Радио-телевизија Србија известува дека граѓаните на селото утрово пишувале на социјалните мрежи дека чуле пукање и дека некои од нив не си ги пуштиле децата да одат во училиште од страв.

Од Радио слободна Eвропа велат дека пукања и насилство стануваат сѐ почести околу српско-унгарската граница.