Спорт Спорт Македонија Трката „Прв до врв“ ќе се случува третпат

Трката „Прв до врв“ ќе се случува третпат

Почна пријавувањето на учесниците за третата трка „Прв до врв“, која на 24 мај треба да се случи на Водно, информираат организаторите, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Традиционалната трка за најбрзо искачување на скопската планина и оваа година ќе се реализира во категориите планинско трчање, друмски велосипедизам и планински велосипедизам, секоја во машка и во женска конкуренција. За оваа година, бројката од 3.000 пријавени учесници од ланското издание на настанот, се очекува да биде надмината.

Во трката „Прв до врв“ ќе се приклучат и атлетите на Специјална олимпијада Македонија, кои со помош на сите учесници ќе се искачуваат до врвот на Водно и воедно ќе имаат кондициски подготовки за Олимпијадата ова лето во САД.