Свет Тринаесет загинати во бомбашки напад во Багдад

Тринаесет загинати во бомбашки напад во Багдад

Најмалку 13 лица загинаа, а 24 се повредени во експлозија на автомобил бомба што денеска одекна пред популарна слаткарницата во центарот на Багдад, соопшти ирачката полиција.

Екстремистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Нападот се случил по полноќ, а екстремистите најверојатно далечински го детонирале експлозивот, скриен во еден од паркираните автомобили.

На снимките поставени на социјалните мрежи се гледаат хаотични сцени од местото во околината на експлозијата, на улицата лежат дела, додека повредените лежат на шарените клупи пред слаткарницата.

Експлозијата се случи за време на муслиманскиот празник Рамазан, кој во Ирак е често проследен со серија напади.
Екстремистите на ИД минатата година на Рамазан извршија напад со камион полн со експлозив во еден од најфреквентните трговски квартови во Багдад. Во нападот загинаа стотина лица и се смета за еден од најсмртоносните од соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година.