Свет Европа Тринаесет повредени, вклучително и три деца, по руски напад во регионот Днипропетровск

Тринаесет повредени, вклучително и три деца, по руски напад во регионот Днипропетровск

Според првичните извештаи, има 13 повредени, меѓу кои три момчиња на возраст од 6, 11 и 15 години

Фото: Серхи Лисак

Во украинската област Днипропетровск, руска ракета погоди двокатна станбена зграда, при што беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца.

Веста за нападот и повредените на војот Телеграм канал ја објави Серхи Лисак, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск, пишува Укринформ.

„Експлозија одекна во населбата Пидородне во областа Днипро. Оштетена е двокатна станбена зграда. Луѓето остануваат под урнатините“, напиша тој.

Според првичните извештаи, има 13 повредени, меѓу кои три момчиња (6, 11 и 15 години). Сите се хоспитализирани во стабилна состојба.

Во нападот е оштетена и зградата на локалната служба за итни случаи.