Македонија Тринаесет мигранти од Ирак откриени во камион на граничниот премин Богородица

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во камион на граничниот премин Богородица

Полициска екипа и службеници на Царинската управа синоќа, околу 20.45 часот, на граничниот премин Богородица, при контрола на камион со бугарски регистарски ознаки, управуван од 45-годишен грчки државјанин, откриле група од 13 мигранти од Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите, како што информира МВР, биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел на приколката, веднаш зад кабината на возилото.

Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднел кривична пријава против грчкиот државјанин С.А., поради сомневање дека криумчарел мигранти.