Главна секција Трилатерална средба Ципрас – Вучиќ – Борисов во Солун, Македонија една од...

Трилатерална средба Ципрас – Вучиќ – Борисов во Солун, Македонија една од темите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас в четврток во Солун ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас и Вучиќ ќе учествуваат на грчко-српскиот Совет за соработка, по што ќе дадат и заедничка изјава.

По средбата со српскиот претседател, Ципрас попладнето ќе се сретне и со бугарскиот колега, по што е најавена е заедничка средба на лидерите на Грција, Бугарија и на Србија.  По средбата, за која засега во грчките медиуми не се наведува за што ќе се разговараа, исто така е најавена заедничка прес-конференција.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот профил на „Твитер“ објави дека во Солун ќе се одржи средба премиерите на Грција, Бугарија и на Србија, на која главна тема ќе бидат односите на Македонија. Тој наведува дека на оваа регионална средба не е поканета и македонската влада.