Свет Триесет и двајца мртви при напад на свадба во Сирија

Триесет и двајца мртви при напад на свадба во Сирија

Во самоубиствен напад на свадба на североистокот на Сирија се убиени 32 лица, а околу 100 се повредени, соопштија болнички извори.

Одговорноста за нападот во селото Тал Тавил, во близина на местото Хасака, ја презедоа припадниците на Исламска држава.

Опсерваторијата за човекови права соопшти дека нападот го извел бомбаш-самоубиец, за време на венчавка на припадник на курдската заедница и член на локалната курдска партијата.

Невестата и младоженецот не се повредени во нападот, се наведува во извештајот. Хасака, град кој е под контрола на курдски сили, често е мета на милитантите на ИД.