Свет Тридневна жалост во Гана

Тридневна жалост во Гана

Сто и педесет лица загинаа во експлозијата на бензинската пумпа во главниот град на Гана, наведе претседателот Џон Махама, прогласувајќи тридневна жалост во земјата.

Експлозијата предизвикала пожар кој избил на терминалот за камиони, а потоа се проширил на бензинската пумпа и на околните згради. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од несреќен случај и не е последица на терористички напад, соопшти портпаролот на противпожарните служби.

Главниот град Акра бил зафатен со поројни дождови, поради кои многумина побарале засолниште на бензинската пумпа. Како последица на дождот, поплавени се многу згради и сообраќајниците.