Свет Три лица се ранети во напад на Курдската работничка партија

Три лица се ранети во напад на Курдската работничка партија

Три лица се ранети откако радикални милитанти на Курдската работничка партија (ПКК) денеска истрелале пет минофрлачки гранати врз два станбени реона на периферијата на градот Османие, во Јужна Турција, јавуваат турските медиуми.

Гранатите биле истрелани од шумски реон, а од нивните шрапнели повредени се 33-годишна жена, нејзиниот четиригодишен син и уште едно лице.

Мајката и детето сè уште се во болница, додека третиот повреден на самото место добил медицинска помош и бил пуштен.

Турските власти преземаат дејства за да ги фатат лицата што го извршиле нападот.