Свет Три бомбашки напади во Мосул – 16 загинати

Три бомбашки напади во Мосул – 16 загинати

Најмалку 16 загинати во три бомбашки напади во источниот дел на Мосул

Најмалку 16 лица загинаа во три напади извршени со автомобили-бомба во источниот дел на ирачкиот град Мосул.

Како што јавуваат ирачките силите за безбедност и медицински извори, десет од жртвите се цивили, додека останатите се војници и полицајци.

Нападите се извршени на три различни локации, кои од минатиот месец се под контрола на ирачките безбедносни сили.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападите.