Економија Трговската размена во првите пет месеци речиси седум милијарди евра

Трговската размена во првите пет месеци речиси седум милијарди евра

Вкупната трговска размена со странство во периодот од јануари до мај 2019 година изнесувала 6.866.074.000 американски долари, објави Државниот завод за статистика.

Извозот во овој период бил 2.959.957.000 долари и бележи пораст од 6,4 проценти, а увозот 3.906.117.000 долари што е за 5,6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит изнесувал 946.160.000 долари.

Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија и сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, додека во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтени масла и маслата добиени од битуменозни минерали, како и необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.