Свет Тревога за цунами по земјотрес на Папуа Нова Гвинеја

Тревога за цунами по земјотрес на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја. Епицентарот на потресот бил 150 километри јужно од градот Рабаул. Издадено е предупредување за цунами во круг од 300 километри, соопшти американската геолошка служба.

Пацифичкиот центар издаде предупредување, наведувајќи дека не очекува разурнувачко цунами да ги погоди Хаваи.

Земјотресот бил забележан на длабочина од 63 километри и бил последен во серијата силни потфати на тлото во регионот. Потресот силно се почувствувал во градот, но засега нема видливи штети.