Свет Свет Трамп: Рано е да се разговара за укинување на санкциите за Русија

Трамп: Рано е да се разговара за укинување на санкциите за Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска, ден пред очекуваниот телефонски разговор со Владимир Путин, даде завиен одговор на новинарско прашање дали ќе ги укине санкциите на Русија.

– Слушнав дека е договорен разговорот. Ќе видиме што ќе се случи. Што се однесува до санкциите, многу е рано да се разговара за тоа – рече Трамп на заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј во Белата куќа во Вашингтон.

Тоа е неговата прва средба со странски државник, откако стапи на должноста минатата седмица.

Надоврзувајќи се на одговорот на Трамп, Меј рече оти според неа меѓународните санкции на Русија поради нејзиниот упад во Украина треба да останат на сила сè додека Русија во целост не ги спроведе своите обврски што ги презема според договорот од Минск во 2014 година, со кој сопреа голем дел од борбените активности во регионот.