Свет Трамп победи во три сојузни држави во САД

Трамп победи во три сојузни држави во САД

Доналд Трамп победи во уште три американски држави на партиските избори за републиканска номинација за претседател на САД.

Меѓу демократите, Берни Сандерс оствари неочекувана победа во Мичиген, додека Хилари Клинтон го зголеми водството со голема победа во Мисисипи.

Тед Круз оствари победа на републиканските избори во Ајдахо, пренесува „Би-би-си“.

Трамп, бизнисмен без искуство на јавни функции, води во анкетите во Флорида каде синоќа одржа победнички говор.

– Една од работите поради која сум најсреќен е големиот одѕив. Мислам дека тоа е најголемата приказна во денешната политика – рече Трамп.

По победата во Мисисипи, Мичиген и на Хаваи, Трамп ја зацврсти позицијата како најсериозен кандидат меѓу републиканците.