Свет Трамп е најлошо рангиран претседател на САД во последните 70 години

Трамп е најлошо рангиран претседател на САД во последните 70 години

Граѓаните на САД за американскиот претседател Доналд Трамп сметаат дека во последните 70 години е најлошиот претседател на државата во првите половина година од мандатот, јави „Еј-би-си њуз“, повикувајќи се на анкетата што ја спроведе заедно со весникот „Вашингтон пост“.

Во анкетата се најдоа прашања за компетентноста на Трамп на светската сцена, неговата ефективност, републиканскиот план за здравствена заштита и за улогата на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

Триесет и шест отсто од анкетираните се изјасниле дека ја поддржуваат работата на Трамп, што е за десет отсто помалку од процентите што ги доби во првите 100 дена во Белата куќа.

Најблизок на Трамп по слабиот рејтинг по половина година на власт беше претседателот Џералд Форд со 39 отсто поддршка во февруари 1975 година.