Свет Трамп ќе троши два милиони неделно на реклами против непријателите

Трамп ќе троши два милиони неделно на реклами против непријателите

Американскиот милијардер Доналд Трамп, кој води во трката за републиканската кандидатура за претседателските избори во САД во 2016 година, вчера најави дека ќе потроши милиони долари за телевизиски реклами.

Трамп, кој сам си ја финансира својата кампања, досега не трошеше пари за рекламни спотови. Но, како што се приближуваат изборите, тој најави дека ќе ја смени тактиката.

– Ќе издвојувам најмалку по два милиони долари неделно, а можеби и повеќе – рече Трамп.

Со месеци Трамп има предност пред другите републикански кандидати, иако не издвои ништо повеќе од 35 милиони долари, колку што предвиде дека ќе вложи во кампањата до 1 јануари.

– Горд сум на фактот што потрошив најмалку. Сепак, искрено, не сакам да одам на ризик – рече Трамп, додавајќи дека е подготвен да потроши еден куп пари против лицата што го напаѓаат.