Свет Европа Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета...

Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета Валс

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, има шанси да победи на претседателските избори во Франција, закажани за следната година.

– Можно е. Тоа значи дека целосно се сменила политичката рамнотежа– рече Валс, одговарајќи на прашање на економската конференција во Берлин, предупредувајќи на „опасноста која ја претставува екстремната десница“.

Ле Пен неодамна изјави дека изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД ги подобрил нејзините шанси за победа на претседателските избори во Франција.

– Победата на Трамп го овозможи тоа што се сметаше за невозможно, победа на обичниот човек над елитите. Би сакала и во Франција обичните луѓе да седнат на масата на која седат елитите што одлучуваат – изјави Ле Пен.