Свет Трамп ги избра првите соработници и повика да се смират расистичките напади

Трамп ги избра првите соработници и повика да се смират расистичките напади

Новоизбраниот претседател на САД, Доналад Трамп, го наименува претседавачот на Републиканската партија, Рајнс Прибус, за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стивен Бенон за свој главен советник.

Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, особено со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан. Ниту Прибус, ниту Бенон имаат поголемо искуство во извршната власт.

Трамп во интервју за „Си-би-ес“ повика на крај на расистичките напади кои белажат зголемување по неговата изборна победа.