Свет Европа Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето...

Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето на САД

Секој што ќе го запали американското државно знаме треба да се соочи со последици, како одземање на државјанството или затворска казна, смета новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквиот став, Трамп денеска го соопшти преку порака на својот официјален твитер-профил.

„Никому не смее да му биле дозволено да го пали американското знаме. Доколку некој го запали, мора да има последици – одземање на државјанството или една година затвор“, напиша Трамп на „Твитер“.

На протестите кои се одржаа во повеќе градови на САД против изборот на Трамп за нов претседател, дел од демонстрантите својот револт го искажаа и со палење на државното знаме на САД.

Дел од светските новински агенции забележуваат дека со ваквата порака Трамп директно ја оспорува слободата на изразување, гарантирана со првиот амандман од Уставот на САД.

Врховниот суд на САД во 1969 година донесе пресуда според која првиот амандаман од американскиот устав, со кој се штитат слободата на говор и политичката слобода, забранува казнување за палење на државното знаме.