Проверка на факти Трајановски спинува околу неговата ефикасност

Трајановски спинува околу неговата ефикасност

Градоначалникот Трајановски кој од граѓаните на Скопје го бара третиот мандат има нереализирани крупни проектни ветувања, особено во делот на инфраструктурата и екологијата. Оттука, неговото спротивно тврдење е извртена вистина или спин, пишува „Вистиномер“.

„Еден од кандидатите за нов градоначалнички мандат за Скопје, Коце Трајановски, презентирајќи ја својата програма на отворањето на градскиот изборен штаб, меѓу другото го искажа и следново тврдење што го сметаме за спин: Спин:  Моите програми никогаш не биле ветени, а да не се реализираат. Се надевам дека мојата посветеност и работа на терен веќе ви е позната…

Поединечните проверки што ги правеше „Вистиномер“ во изминатите години, исто така, покажуваат дека има проекти кои биле ветени, а до ден денес не се исполнети и тоа не било кои, туку поголеми и позначајни од областа на инфраструктурата и од областа на животната средина. Така, на пример, не е реализирано ниту едно од ветувањата за подземни улици или надземни крстосници на две нивоа, за што „Вистиномер“ направил проверка“, се вели во написот.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)