Македонија Трајановски: Смешен и проѕирен обид да се амнестираат

Трајановски: Смешен и проѕирен обид да се амнестираат

За експертот за човекови права Жарко Трајановски, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е смешен и проѕирен обид на криминалната банда да воведе цензура и да се амнестира себеси.

– Истата банда која е одговорна за незаконитото масовно прислушување на илјадници луѓе, кои во 2010 година законски му овозможија на УБК да има директен линк до телекомуникациските оператори, сега се обидува да ги прикрие трагите на сопствените злодела – изјави Трајановски.