Економија Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници – Транспорт“, Душко Чакароски.

Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во текот на следната недела, а платата за февруари да се исплати целосно до крајот на овој месец.