fbpx
Таг: исплати

таг: исплати

Арачиново под лупа на ревизорите: Општински советници добиле над 1,1 милиони денари спротивно на закон

На општински советници во Арачиново им биле исплатени надоместоци спротивно на закон, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизорскиот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година на Општина Арачиново на сметката на основен буџет (637). Општинските советници добивале надоместоци, иако исплатата се врши врз основа на доказ за одржани седници на...

Општина Тетово го објави списокот на договори со 10 денари, во март ќе бидат објавени 47 нови

Општина Тетово вчера соопшти дека осум лица од кабинетот на актуелниот градоначалник склучиле доброволен договор со по 10 денари за месец декември. А, на прашањето за имињата кои добиле пари од општината овој месец и објавувањето на други договори на дело реализирани од Билал Касами, општината соопшти дека се работи за нови 47 договори кои ќе бидат објавени во...

ДЗР: СЈО во периодот од 2016 до 2019 незаконски исплатило над 46 илјади евра за надоместоци од плата

Во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година Специјалното јавно обвинителство на своите вработени исплатило за „други“ надеместоци од плата дополнителни 282.896.000 денари или 46.338 евра, надвор од законската регулатива. Износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице, констатирале ревизорите во извештајот „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во...

Ангеловска: Отсега и општините и нивните јавни претпријатија на „Отворени финансии“

Отсега на платформата Отворени финансии ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции. За ова информираше денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, која посочи дека е направена надградба со која се зголемени перформансите на системот и осега ќе се објавуваат и трансакциите на општините и нивните јавни претпријатија, на истиот...

Барање за финансиска поддршка за исплата на плата за мај, работодавците може да поднесат до 7 јуни

Владата информираше дека барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај, работодавците може да поднесат до 7 јуни. Барањата пак за субвенционирање на 50 отсто од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност се до 5 јуни. „Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно...

Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита во банките

Корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита од од понеделник (4 мај) ќе можат да ги подигнат своите месечни средства. Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека исплатата на паричната помош во банките ќе се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа: - 04.05.2020 (понеделник) исплата...

НБРМ: На возрасните граѓани да им се даде предност во банките од 10 до 12 часот

Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно, апелираат од Народна банка. „Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните кои што се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите. Во овој термин да се даде...

Телевизиските и филмските продукции бараат исплата на бруто-плати од државата

Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, телевизиски и филмски продукции бараат исплата на бруто-плата за цел период на траење на пандемијата, односно до укинување на забраната за одржување јавни собири и исплатата да почне да важи од март, бидејќи како компании се затворени уште од крајот на февруари. Од таму велат дека е загрозена целата креативна...

УЈП ќе ги гледа само приходите, странските дознаки нема да се оданочуваат

Управата за јавни приходи (УЈП) и сега, со писмено барање, добива увид во приливите на сметките на граѓаните, а со измените на законот за банките тоа ќе го има автоматски на располагање. Но, нема да може да ги следи автоматски исплатите од сметките на граѓаните, а ако сака такво нешто, ќе мора да поднесе писмено барање. Со такво образложение за...

Просечната нето-плата изнесува 23.196 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември лани, изнесувала 23.196 денари и во однос на истиот месец во 2016 година е зголемена за 3.6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 34. 079 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сé на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија (8,9 проценти), објекти за сместување и...

Државата плаќа здравствено осигурување за 19.062 лица повеќе, од што има сиромашни

Државата го финансира здравственото осигурување на сиромашни лица, но во 2015 година, таа бројка изнесувала повеќе, отколку што има лица што живеат под прагот на сиромаштија, се вели во публикацијата од „Фајненс тинк“ насловена „Универзално здравствено осигурување на Репупблика Македонија-ефекти од спроведување на проектот Здравствено осигурување за сите“. Имено, за 2015 година се јавува разлика од 19.062 лица, помеѓу лицата,...

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници - Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во...

Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми

Во периодот од 2007 до 2015 година, потрошени се вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, се вели во истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска. Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто...

Исплатени се 17,2 милиони денари отштета за поплавите

Исплатени се 17,2 милиони денари отштета за поплавите на 364 лица во Струмица, Могила и во Гази Баба. Како што соопшти Министерството за финасии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 денари на 3.225 оштетени лица од поплавите што се случија годинава.  

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...