Хроника Товарен воз прегазил илегален мигрант

Товарен воз прегазил илегален мигрант

Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија – Скопје.

Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот.

Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во полициската станица во Велес.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото и работат на утврдување на идентитетот и на потеклото на загинатиот, но и на групата мигранти што биле затекнати на местото.
По пријава на машиновозачот, полицијата излегла на увид и затекнала уште шест мигранти кои биле дел од група што се движела по пругата.

Во изминатите десетина дена ова е трет случај во кој мигранти гинат на железничка пруга, прегазени од воз.