Македонија Топол ден, но со услови за невреме

Топол ден, но со услови за невреме

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и со грмежи, особено во источните и во јужните делови од земјава, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. УВ-индексот ќе биде 9.

Максималната температура ќе се движи од 26 Целзиусови степени на крајниот планиски предел на западот на Македонија, преку 30 степени во Малешевријата до 31 степен во Охридско-струшкиот Регион и на крајниот североисток од земјава. Максималната температура во Пелагонија ќе биде 33 Целзиусови степени, 36 степени во Скопје и на југоистокот на земјата и до 37 степени во централниот дел на Македонија.