Македонија Топло време со температура до 38 степени

Топло време со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Дневната температурата ќе се движи од 27 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Температурата ќе достигне до 36 Целзиусови степени.

До крајот на месецот продолжува период на многу топло време, со максимална температура која ќе надминува 30 Целзиусови степени, а долж Повардарието и 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и на грмежи.