Македонија Топло и ветровито време со температура до 29 степени

Топло и ветровито време со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од шест до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура од десет до 27 Целзиусови степени.

Утре во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. И во наредните денови, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.