Македонија Тодоров: Платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за повеќе од 24 проценти

Тодоров: Платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за повеќе од 24 проценти

Лекарите-специјалисти на универзитетските клиники ќе добијат за 9,6 отсто повисоки ноемвриски плати, а за дополнителни 9,6 отсто ќе им биде зголема февруарската плата, која ќе биде исплатена во март.

Зголемувањето на платата на специјалистиte е одлука на Владата и на Министерството за здравство, која била донесена како резултат на заштедата на околу 6 милиони евра со последната спроведена централизирана набавка на лекови за јавните здравствени установи со овозможен паралелен увоз, рече денеска министерот Никола Тодоров

Според Тодоров, станува збор за зголемување на платите на лекарите-специјалисти за повеќе од 24 проценти.