Македонија Тодоров: Нема опасност од заразни болести во поплавените подрачја

Тодоров: Нема опасност од заразни болести во поплавените подрачја

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска на отворањето на бањата за физикална терапија во Градската општа болница „8 Септември“ рече дека во поплавените подрачја нема опасност од заразни болести и од епидемии.

– Имаме контрола над ситуацијата во подрачјата зафатени од поплавите во Скопско и нема појава на епидемија иако ги имаше сите услови, тоа го предупредија и експертите и затоа одевме со брза дезинфекција и дератизација – рече Тодоров.

Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи, а дека бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува.