Забава Точно на Нова година ќе пее Елена Ристевска

Точно на Нова година ќе пее Елена Ристевска

Денеска, на последниот ден од програмскиот дел во паркот Жена-борец, можете да уживате шетајќи низ новогодишниот пазар и во волшебното катче каде што може да ја слушате распеаната елка. Утре настаните ќе се одвиваат на плоштадот Пела, со дочек на Дедо Мраз од 12 часот пред „Порта Македонија“, детска претстава и со хорот „Златно славејче“.

Водители на манифестацијата, која ќе почне во 21 часот, се Сашко Коцев и Маријана Станојковска.

Од 21.05 до 21.20 часот ќе можете да се забавувате со Ерик Фокс и со Симона Поповска, од 21.20 до 21.40 часот ќе пее Маја Панчева, од 21.40 до 21.55 часот настап ќе има Мустафа Имери, од 21.55 до 22.15 часот, миленикот на најмладите – Даниел Кајмаковски, од 22.20 до 22.40 часот ќе пеат „Куку леле“, а од 22.40 до 23.00 часот ќе настапи Есма Реџепова-Теодосиевска, од 23.00 до 23.25 часот – Сузана Спасовска. Во 23.25 ќе настапи Наум Петрески, а од 23.45 до 00.40 часот ќе пее Елена Ристевска.

Точно на полноќ ќе почне огнометот, кој ќе трае пет минути, а потоа ќе продолжи настапот на Елена Ристевска. Од 00.40 до 01.00 часот ќе пее Дани.