Економија „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата од 30 милиони евра во производство на сортно...

„Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата од 30 милиони евра во производство на сортно вино

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи десетгодишната инвестиција од 30 милиони евра за производство на сортно вино.

– Изминатите години во континуитет инвестиравме во подобрување на квалитетот на врвните вина. Го зголемивме и го осовременивме капацитетот на производство, инвестиравме во технологии, во лозови насади и во човечки ресурси – изјави директорот на винарницата „Тиквеш“, Игор Илиевски.

И покрај тешките околности за бизнисот, тој најави 700.000 евра инвестиции и годинава, за уште поголем пласман на квалитетно вино на странските пазари, што е стратешка определба на фирмата.