Главна секција Теута Арифи го призна поразот во Тетово и му честиташе на идниот...

Теута Арифи го призна поразот во Тетово и му честиташе на идниот градоначалник Билјал Касами

Фото: Порталб.мк/Фисник Џелили

Досегашната градоначалничка на Тетово Теута Арифи на вечерашната прес-конференција изјави дека ДУИ не успеале да победат во општина Тетово.

Според нејзините зборови, броењето на изборните резултати во вториот круг резултирал со тоа противкандидатот Билјал Касами од БЕСА да освои повеќе гласови и општина Тетово ќе биде раководена од Касами.

„Му честитам за победата и му посакувам успешна работа, имајќи во предвид дека Тетово е град со многу предизвици“, изјави Теута Арифи на прес-конференцијата.

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија, на 23,17 отсто од пребројаните гласови, Билјал Касами освоил 4.949 гласови, додека Теута Арифи добила 3.239 гласови во вториот круг на локалните избори што се одржаа денеска.