Македонија Тетовец злоупотребил Инстаграм профил на девојка му, заработи кривична пријава

Тетовец злоупотребил Инстаграм профил на девојка му, заработи кривична пријава

Иако ветил тој дека ќе ѝ го избрише профилот на Инстаграм на девојка му, таа летово открила дека нејзиниот профил е активен на Инстаграм и дека од тој профил дечко ѝ пишувал пораки на службениот профил на Инстаграм кој го користат на нејзиното работно место

Photo by Solen Feyissa on Unsplash

Злоупотреба на Инстаграм профил во Тетово заврши со кривична пријава против 26-годишен жител на овој град. Иако ветил тој дека ќе ѝ го избрише профилот на Инстаграм на девојка му, таа летово открила дека нејзиниот профил е активен на Инстаграм и дека од тој профил дечко ѝ пишувал пораки на службениот профил на Инстаграм кој го користат на нејзиното работно место.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека тетовчанецот ќе заработи кривична пријава.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. Во јануари 2023 година, по барање на неговата поранешна девојка, пријавениот го деактивирал нејзиниот инстаграм профил. Во јули 2023 година таа забележала дека нејзиниот инстаграм профил е активен и има објавено нејзина слика и дека од наведениот профил пишувал пораки на службениот инстаграм профил кој го користат на нејзиното работно место“, се наведува во соопштението на МВР.