Свет Европа Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Кралицата Елизабета Втора денеска ѝ додели мандат за формирање на нова влада на Тереза Меј, досегашната министерка за внатрешни работи, соопштија од Бакингамската палата.

– Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон – истакнала Меј по именувањето на премиерската функција.

Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов премиер на Велика Британија, откако нејзината противкандидатка, министерката за енергетика, Андреа Лидсом, во понеделникот се повлече од трката.

Поранешниот премиер Дејвид Камерон, кој е премиер од 2010 година, соопшти дека ќе се повлече од функцијата веднаш по референдумот на 23 јуни, на кој Британците гласаа за излегување на земјата од Европската Унија.