Македонија Температурата и денеска до 40 степени, продолжува портокаловата фаза

Температурата и денеска до 40 степени, продолжува портокаловата фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. УВ-индексот ќе има вредност 9. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 40 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 20 Целзиусови степени, а дневната до 40 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечна температура. В сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура сè уште ќе бележи високи вредности.

Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови од земјава.