Свет Талибанците негираат дека стојат зад нападот во Пакистан

Талибанците негираат дека стојат зад нападот во Пакистан

Портпаролот на пакистанските талибанци, Мухамад Корасани, негираше дека милитантната организација стои зад нападот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на земјата, во кој загинаа 21 лице, а ранети се околу 60.

Изјавата доаѓа откако еден командант на талибанците изјави дека четворица негови борци го нападнале универзитетот.

Пакистанската полиција соопшти дека нападот е завршен и оти убиени се четворица напаѓачи.