Свет Талибанците нападнаа воена база во Авганистан – четворица загинати и 14 повредени

Талибанците нападнаа воена база во Авганистан – четворица загинати и 14 повредени

Четири лица загинаа, а најмалку 14 се повредени во денешната експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан, соопшти НАТО. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

„Експлозивната направа е детонирана во воздушната база Баграм и има повеќе жртви. Екипите во Баграм им помагаат на ранетите и го истражуваат инцидентот“, соопштија од НАТО.

Сепак, од Северноатлантската алијанса не соопштија од која националност се жртвите.

Портпаролот на талибанците, Забихулал Муџахид, на „Твитер“ ја презеде одговорноста за нападот.