Свет Талибанците му пишаа на Трамп: Заминете си конечно од Авганистан

Талибанците му пишаа на Трамп: Заминете си конечно од Авганистан

Талибанците упатиле „отворено писмо“ до претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое го повторија повикот Американците, по 16 години војна, да го напуштат Авганистан.

Во писмото на англиски јазик, кое на новинарите им го доставил портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, бунтовниците наведуваат дека Трамп ги препознал грешките на своите претходници и бара нова процена на американската стратегија за Авганистан.

Муџахид рекол дека Трамп не треба да ја предаде на војската контролата на американската политика во Авганистан, туку да објави повлекување на сите американски трупи, наместо, како што е планирано, да го зголеми бројот.

Во писмото се наведува дека повлекувањето на САД „навистина ќе ги тргне од опасност американските војници“ и „ќе стави крај на наследената војна“.