Свет Талибанците извеле координирани напади на Кундуз

Талибанците извеле координирани напади на Кундуз

Талибанските бунтовници во Авганистан извеле координирани напади во градот Кундуз, на североистокот на земјата, соопштија денеска авганистанските власти.

Локалните власти наведоа дека талибанците утринава го нападнале Кундуз од повеќе правци и оти авганистанската војска возвратила на нападот и успеала да ги потисне бунтовничките сили.

Како што изјавуваат полициски извори од Кундуз, на периферијата на градот се водат жестоки борби меѓу талибанците и полицијата, а портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, рече дека неговите борци зазеле неколку контролни пунктови во градот.