Главна секција Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

Талески дојде на јавната седница во Апелацискиот суд

Осомничениот градоначалник на Битола, Владимир Талески во придружба на полиција дојде на денешната јавна седница на Апелацискиот суд.

Од Специјалното јавно обвинителство во судот е присутен обвинителот Трајче Пеливанов, а од одбраната на Талески, адвокатите Никола Додевски и Војо Тасевски.

На денешната седница во Апелациониот суд ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на Талески. Седницата се одржува на барање на одбраната која вложила жалба на продолжувањето на мерката куќен притвор.

Талески веќе втор месец е во куќен притвор, но неодамна обвинителите од СЈО проверуваа дали извршува градоначалнички и службени работи од дома, поради што може да побараат построги мерки за обезбедување на присуство.

Куќниот притвор на Талески истекува за два дена, на 20 август.