Македонија Тачи очекува ДПА да постигне подобри резултати на локалните избори

Тачи очекува ДПА да постигне подобри резултати на локалните избори

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска откако го искористи своето гласачко право, соопшти дека очекува гласањето на локалните избори да помине во мирна атмосфера, а партијата да постигне добри резултати.

– Мислам дека на крајот ќе успееме да имаме мирни и демократски избори и се надевам на добар резултата на нашата партија – рече Тачи откако гласаше на избирачко место во старата градинка „Младост“ во Тетово.