Свет Балкан Тачи: Могерини треба да учествува во преговорите со Белград

Тачи: Могерини треба да учествува во преговорите со Белград

Еврокомесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, треба да се вклучи во дијалогот меѓу Приштина и Белград за тој да биде успешен, рече шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, во интервју за „Волстрит џурнал“.

– Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело на разговорот – рече Тачи, додавајќи дека Балканот треба да биде еден од приоритетите на Могерини.