Македонија Тачи до Жбогар: Дијалогот да продолжи со посредство на меѓународната заедница

Тачи до Жбогар: Дијалогот да продолжи со посредство на меѓународната заедница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска разговарале за актуелната политичка ситуација, како и за неопходните реформи што Македонија мора да ги спроведе на патот кон евроатланските интеграции, соопштија денеска од ДПА.

„Тачи го информираше амбасадорот на ЕУ за ставовите на ДПА околу политичката ситуација во земјата, како и за погледите на ДПА за решавање на внатрешните проблеми и за деблокирањето на интеграциските процеси, истакнувајќи дека единствен начин за напредок во решавањето на овие прашања е продолжувањето на политичкиот дијалог со посредство на меѓународната заедница“, се вели во соопштението.

Од партијата наведуваат дека нивниот лидер му соопштил на Жбогар дека новоизбраната влада треба сериозно да се посвети на своите ветувања во врска со системските реформи и со интеграциските процеси.

Соговорниците се согласија дека продолжувањето на политичкиот дијалог е од особено значење, особено за земјите аспиранти за членство во НАТО и во ЕУ.