Свет Свет СЗО: Повеќе од 10.000 луѓе починале од ебола

СЗО: Повеќе од 10.000 луѓе починале од ебола

До крајот на минатата година повеќе од 10.000 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата на ебола, соопшти Светската здравствена организација.

Во девет држави, главно од Западна Африка, биле заразени повеќе од 24.000 луѓе, од кои 10.000 починале.

Стручњаците предупредуваат дека во земјите погодени со ебола би можело да дојде и до појава на други видови епидемии, особено кај децата.