Свет СЗО: Еболата одзела 6.331 живот

СЗО: Еболата одзела 6.331 живот

Бројот на жртви од еблоа во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 6.331, објави денеска Светската здравствена организација.

Најновите податоци покажуваат дека Сиера Леоне ја надмина Либерија по бројот на жртвите од ебола. Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне се регистрирани вкупно 17.800 заболени од ебола. Од нив 7.719 се од Либерија, 7.798 се од Сиера Леоне. Истовремено, соопштено е дека Европска Унија издовоила 61 милион евра за помош за борба против еболата.