Хроника СВР Битола во акција против незаконското играње комар

СВР Битола во акција против незаконското играње комар

Екипи на СВР Битола завчера, по добиени информации за недозволено организирање и играње комар, извршиле контроли на шест локации во Битола и во Прилеп и во пет откриле неправилности, информира МВР.

При контролата, во три објекти полицијата затекнала 11 лица како играат комар и запленила разновидни предмети, од кутии за жетони, карти, зарови до пари, 20 евра и околу 46.000 денари.

Според МВР, нивните екипи констатирале пет кривични дела за комар, 11 прекршочни дела за играње комар и други забранети игри на среќа и исто толку прекршоци по законот за заштита од пушење.

Од полицијата информираат дека за сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.